Кои сме ние?

Ферти е нова приватна гинеколошка ординација која се наоѓа на идеална, пристапна локација во центарот на градот, на улица Анкарска 23 локал 8 во Скопје. Опремени сме со најсовремена медицинска апаратура која е акредитирана според светски стандарди.  Ферти нуди широка понуда на гинеколошки услуги која вклучува:  ултразвучен и колпоскопски преглед, ЦТГ, ПАП тестови и комплетна микробиолошка анализа. Покрај ова, нудиме и неинвазивен пренатален тест “Panorama”, кој што се изработува во американската генетска лабораторија Natera. Со Panorama тестот Вашата бременост ќе помине спокојно и безгрижно.

Мисија

Ние се залагаме за персонализиран пристап на лекување на секој наш пациент. Нашите доктори се стремат кон обезбедување максимален комфорт, внимание и посветеност за пациентките со цел креирање на здрав став кон грижата за репродуктивното здравје.

Визија

Нашата цел е да создадеме една успешна приказна во гинеколошката пракса преку синергија на нашите искусни доктори, напредни медицински технологии и неуморна тимска работа. Се надеваме дека ова ќе доведе до позитивни промени во пристапот и третманот на секој пациент низ целиот здравствен систем.

Медицинска Технологија

Ферти располага со најнапреден ехо-апарат со иновативна 4D технологија, видео колпоскоп кои заедно пружаат врвен квалитет во процесот на дијагностика и лекување на нашите пациенти.