Често Поставувани Прашања
Вашиот преглед може да го закажете:
1. Преку повик на телефонскиот број на Ферти : +38923074573. На овој број може да се информирате и за сите услуги што ги нуди нашата ординација.
2. Лично преку посета на нашата ординација.
3. Преку испраќање e-mail на : contact@fertty.mk. Нашиот координатор ќе ве контактира за да го потврди вашиот термин.
Нашата локација е на ул. Анкарска 23 локал 8. За полесна ориентација, можете да не најдете и преку следниов линк: https:/googlemaps….
Ординацијата работи понеделник – петок, од 08:00 – 20:00
Ординацијата работи со принцип на закажување. Ако имате потреба од итна интервенција/преглед, можете да не контактирате преку телефон, емаил или да дојдете лично во ординацијата, а доколку сме во можност ќе се потрудиме да ви излеземе во пресрет.
Вашиот преглед ќе биде прилагоден за Вас и вашите барања и потреби.
За прегледот потребно е да поседувате валидна лична карта или пасош, како и релевантна медицинска историја или други медицински документи.
Докторот ќе ви постави прашања со цел да предложи соодветен третман прилагоден според вашите потреби. Некои стандардни прашања се: датумот на последниот менструален циклус, времетраење на циклусот, дали користите некој вид на контрацепција, дали пиете некои лекови како и дали сте алергични на некои супстанци.
Не постои точно определено време кога треба да посетите гинеколог, меѓутоа се препорачува првиот преглед да го направите помеѓу 6-12 недела од бременоста. Вашиот гинеколог ќе ве упати колку често е потребно да одите на контрола во зависност од вашата здравствена состојба. Некои фактори кои може да влијаат на потреба за почести контролни прегледи се:
1. Мајчина возраст над 35 години
2. Сериозна болест
3. Чувство на болка во пелвисот или вагинално крварење
Во гинеколошката пракса, гестациска недела како термин се користи за да се опише стадиумот на бременоста. Гестациската недела вообичаено се утврдува со датумот на последната менструација на родилката.
ПАП тестот е скрининг процедура која може да детектира канцер на цервиксот. При ПАП тест, гинекологот зема брис од цервиксот, а потоа клетките се испитуваат за одредени промени. ПАП тестот се препорачува да се прави на секои 3-5 години за сите жени над 21 година, а и порано доколку се сексуално активни.
Вашиот доктор ќе биде оној кој сте го одбрале при вашиот прв преглед. Доколку преферирате да ве прегледа друг доктор, може да не известите и ние ќе се потрудиме да ви закажеме термин, во зависност од можностите.
Да, придружба е дозволена доколку сметате дека ви е потребна од било која причина.
За промена на терминот на вашиот преглед, ве молиме навремено да не известите, а ние ќе се потрудиме да ви најдеме нов термин.
Нашите доктори се достапни за пациентите во работно време. Во случај на потреба од итни интервенции, достапни се и надвор од работното време.